Доколку сакате да пиете пиво, многу е голема веројатноста за време на летните денови да го пиете секој ден.
Но, дали сте запознаени со неговите ефекти врз човечкото здравје? Пивото е богато со протеини и витамин Б. Хмељот е еден од главните состојки кои се користат за подготовка на пивото и кој на пивото му дава горчина, а содржи флавоноиди и исто така е добар извор на минерали, кои играат важна улога во многу метаболитички процеси.
Постојат голем број здравтсвени проблеми кои можете да ги решите кога пивото е дел од вашата исхрана и кога се конзумира умерено.
1. Влакната кои пивото ги има во својот состав го намалуваат нивото на холестерол и го штитат организмот од настанување на кардиоваскуларни болести.
2. Содржи лактофлавин и никотинска киселина, компоненти кои предизвикуваат сон и ја третираат несоницата.
3. Резултатите покажуваат дека умерено конзумирање пиво го намалува ризикот од мозочен удар за неверојатни 40 до 60 проценти.
4. Пивото е одличен напиток за спречување на запушување во крвните садови.
5. Од пивото кожата изгледа нежно и поубаво.
6. Докажано е дека две чаши пиво дневно значително го намалуваат стресот.