Сите руски дипломатски претставници добиле инструкции да им укажат на надлежните во државите во кои се наоѓаат за пропустите на КФОР и Еулекс.
Директорот на Владината канцеларија за Косово и Метохија во Србија, Марко Џуриќ, вели дека е многу важно тоа што Србија не е сама во меѓународната арена, односно дека имаат отворена поддршка од Владимир Путин.
Руската Федерација великодушно и доследно и помага на Србија во нејзината борба и покрај тоа што Москва и сама има доволно проблеми.
Тоа е дух на традиционално пријателство кое се негувало низ историјата и кое ќе продолжи да се надоградува, изјавил Џуриќ, коментирајќи дека Русија пред ООН, Европската Унија и НАТО ќе застане од страната на Србија.