ЌЕ СЕ СЛУЧИ И ТОА: Трамп на средба со Ким Јонг Ун !

Доналд Трамп ја прифатил личната покана од севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун да разговараат за можната денукеаризација на Корејскиот полуостров, но исто така вети дека ќе ги задржи санкциите додека договорот не се постигне.

Откако успешно завршија преговорите меѓу двете Кореи оваа недела во Пјонгјанг, Ким Јонг Ун лично го побара американскиот претседател на разговор за подобрување на билатералните односи. По неколку месеци разменување на закани, Трамп се согласи да се сретне со севернокорејскиот лидер, објави јужнокорејскиот советник за национална безбедност Чунг Еуи-Јонг.

Трамп ја потврди поканата на Твитер, наведувајќи дека Ким Јонг Ун зборувал за денуклеизација на Корејскиот полуостров.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.