Прилепска Победа викендов го совлада Работнички на гостински терен и го забележа петтиот последователен успех, а со тоа и го обезбеди опстанокот во Првата македонска фудбалска лига. Еден од најдобрите играчи во тимот, Јорданчо Наумоски, после натпреварот изјави:
-“Најпрвин би сакал да му го честитам на Работнички остварениот излез во Европа и да им посакам долго и успешно лето и не се сомневам дека достојно ќе го презентираат македонскиот фудбал на меѓународна сцена. Во вчерашниот натпревар влегоа малку растеретено, додека ние немавме избор и моравме од самиот почеток да влеземе максимално агресивно и затоа беше таков резултатот. За ФК Победа ова е успешна сезона бидејќи после 10 години влеговме во Првата лига и успеавме да ја задржиме Победа каде што и е местото. Би сакал во оваа прилика да нагласам дека посебно ми е мило за сите што не веруваа во нас А ГИ ИМАШЕ ПРЕМНОГУ и да им порачам дека ова е само почеток на еден нов успешен период на ФК Победа. Во новата сезона со вакви спонзори, управа и играчи местото ни е во Европа.
На последниот меч со Ренова за прв пат сезонава влегуваме без притисок. Натпреварот нема резултатско значење за двата тима, очекувам да се надигруваме а ние од наша страна ќе дадеме се од себе сезоната да ја завршиме со уште една победа”.