“Јованоски се сликаше и замина, ѓубрето остана покрај патот – уште една слаба финта на СДС?!”

Почитичката кампања за престојните локални избори влезе во втората седмица. Кандидатите за градоначалници се на терен и ги презентираат проектите во програмта. Во Прилеп ситуацијата е следна:

Актуелниот и кандидат за нов мандат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески секојдневно ги презентира своите проекти, со конкретни рокови и визуелни презентации, и ветува дека истите  ќе го направат Прилеп уште поубаво место за живеење.

Од друга страна кандидатот од редовите на СДСМ Илија Јованоски  без конкретни одговори, со многу контрадикторност и непостојаност во својот пристап пред избирачите.

Имено, на стартот на кампањата Јованоски беше гостин во емисијата “Отворено” на ТВ “24 Вести”, каде меѓудругото на прашање на новинарот за неговиот план за вештачкото езеро во Прилеп, истакна дека истото не се наоѓа во неговата програма.

Само ден подоцна Јованоски со неколку млади луѓе одржа прес-конференција во близина на езерото ветувајќи дека истото ќе прерасне во модерен комплекс со чиста средина, спортски терени и.т.н.

На видеото од оваа пресконференција можевме да видиме како младите социјалдемократи ја расчистуваат околината од смет, но сето тоа само за пред камери.

Фотографиите кои ги добивме говорат сосем друго. На местото каде што Јованоски се сликаше, сеуште има ѓубре.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.