Јаќимовиќ петто засилување на Победа

27-годишниот српски стопер Никола Јаќимовиќ е петтото засилување на Победа во тековниот зимски преоден рок.

Станува збор за искусен дефанзивец со чиј ангажман се очекува да се зацврсти последната линија на тимот која се покажа како многу проблематична во тест натпреварите.

Јаќимовиќ, доаѓа од прволигашот Будуќност Добановци, за кој на 15 натпревари има постигнато два гола.

Претходно настапувал и за Шумадија, Бежанија и Баск.

Досега Победа се засилиси со: Дарко Тофилоски, Алтин Лога, Иван Ивановиќ и Благојче Спиркоски, а клубот преговара за уште дополнителни засилувања до почетокот на пролетната борба за бодови.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.