Јелена Карлеуша тврди дека месечно заработува повеќе од нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, кој игра за турскиот фудбалски клуб Бешикташ.
-Луѓе, јас заработувам повеќе од мојот Душко! И тоа месечно. Имам многу настапи, затоа и заработувам добро. Немам грижи – рекла ЈК и додала дека не би сакала да зависи од нејзиниот сопруг.
Со оглед на тоа што Бешикташ обелодени колку заработува Душко, а тоа на годишно ниво изнесува 1.250.000 евра со проста пресметка доаѓаме до заклучок дека неговата сопруга за еден месец заработува повеќе од 100.000 евра.
Знаејќи колкави се трошоците на пејачката и колку обожава шопинг, особено на брендирана гардероба, веруваме дека месечно не успева многу да заштеди.