Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски попладнево излезе на местото каде веќе неколку дена беснее голем пожар во селото Требовље, општина Македонски Брод.
-МАКЕДОНЦИ!!! На овие луѓе во Македонски Брод им треба ваша помош!!!Владата додека не ги есапи за македонци и си потпишува договори по бугарска нота, овде пожарот беснее. Ве молам за солидарност и да помогнеме после 10 дена бесен пожар и глуви институции, конечно да помогнеме да се згасне пожарот! Споделете и да помогнеме уште веднаш кој може!!!, напиша Ѓорѓиевски на својот ФБ профил, каде можат да се видат фотографии дека пожарот се уште силно беснее.