Статуата во шведскиот град Малме, која Златан Ибрахимовиќ ја доби минатата година од фудбалскиот сојуз на Шведска, е целосно yништeна.
Според медиумите во Шведска, статуата била мета на напади од xyлиганите на фудбалскиот клуб Малме кој е и матичен клуб на Ибрахимовиќ.
Како причина се наведува тоа дека Ибра купил акции во фудбалскиот клуб Хамарби, градскиот ривал на Малме.
Неговата статуа во изминатиот период беше мета на повеќе напади. Најпрво беше ставена ВЦ школка покрај нејзе, потоа беа пресечени делови од статуата, за на крај истата да биде целосно срушена.
Zlatan Ibrahimovic's statue has been sawed down by the Malmo fans. pic.twitter.com/jRBWwske0L
— Nitwik Football (@NitwikFootball) January 5, 2020