Врските помеѓу овие хороскопски знаци важат за најсудбоносни и нивната љубов е за цел живот.
Еве за кои знаци на Зодијакот станува збор:
Бик и Рак
Ова е еден од оние парови на чија врска се сите љубоморни. И двајцата се лојални, грижливи и нежни, па во нивната врска ретко доаѓа до конфликти. Без оглед на тоа колку долго се заедно, тие остануваат заљубени еден во друг како од првиот ден, па често пред другите се однесуваат како тинејџери.
Лав и Лав
На кралот на Зодијакот едноставно никој друг не му одговара подобро отколку личностите родени во истиот знак. Лавовите се самоуверени и силни, па најдобро се согласуваат со луѓето слични на нив. Во природата им е да ги охрабруваат останатите, па во врската се и одлична поддршка. А свесни се за тоа толку се среќни што се имаат еден со друг и се трудат да го скротат својот често бурен карактер за да не ја загрозат нивната врска.
Водолија и Близнаци
Овој пар има силна психолошка врска која со текот на времето станува сè подлабока и која другите често не ја разбираат. Нивниот начин на комуникација е речиси телепатски и често може да изгледа како да знаат да си ги читаат мислите. А иако и двата знаци се индивидуалци, тоа не ја загрозува нивната врска – напротив, ја зајакнува.
Риби и Шкорпија
И двата се водени знаци и двата во животот се водат според емоциите, што ги прави многу компатибилни. Овој пар исто така има силна психолошка, но и интелектуална поврзаност поради што најмногу уживаат во меѓусебните разговори. Нивната врска не се сведува само на зборување – со оглед на тоа што и Рибите и Шкорпијата се многу страсни, тие не ја занемаруваат ниту романтиката.