Со почеток од 15 часот, Македонија го игра претпоследниот натпревар од Групата 2 во Ц лигата на нации.
На националната арена “Тодор Проески” гостува Естонија, со која минатиот месец одигравме 3:3 на гостувањето во Талин.
Иако момците во нашиот табор се се уште под еуфорија од победата на Грузија и пласманот на Европското првенство иднатата година, овој натпревар е важен да се добие со цел да се остане на врвот од табелата и да се пласираме во пивисок ранг на натпреварување во Лигата на нации идната година.
За преостанатите два натпревари, денеска против Естонија и во вторник против Ерменија, селекторот Ангеловски нема да смета на Пандев, кој доби одмор, Адеми (повреда) и Димитриевски (суспензија), а дополнително беше повикан Љупчо Дориев и се врати Кире Ристевски.