На фејсбук страната „Охриѓани“ осамна фотографија на која јасно се гледа натписот поставен на локалната пекара “Лихнида”, која нуди помош на оние на кои им е потребна во овие тешки времиња.
Ваквиот несокјдневен хуман гест на пекарницата веднаш беше забележано од охриѓани, кои со воодушевување пишуваат на социјалните мрежи.
„Зато ние охриѓани сме најубави. Во овие трешки времиња имат луѓе со срце. Пекарата Лихнида од Охрид дава без пари леб и пецива. Хуманитарна помош за тие што не можат да си купат“, напишаа од популарната Фејсбук страна “Охриѓани”.