Xaкepи ја нападнaa pуcката тajна агенциja

Непознати хакери ја извршиле најголемата кражба на податоци во историјата на Русија, што го загрозило проектот за правење на посебен интернет за да се заштитат националните интереси, а кое го одобрил лично претседателот Путин.

Сајбер криминалците украле дури 7,5 терабајти податоци од компанија која работи со Федералната служба за безбедност – ФСБ, наследничка на КГБ.

Се верува дека дел од овој материјал ќе им биде проследен на медиумите ширум светот за да биде објавен во јавноста. Хакерската група која себеси се нарекува “0v1ru$” влегла во московската IT компанија “Сај Тек”, која заедно со ФСБ работи на проект за изработка на руски интернет.

Хакерите на сајтот на компанијата поставиле смајли, пренесува BBC. Материјалот потоа бил проследен до хакерската група “Digital Revolution”, која ќе го дистрибуира во медиумите.

Во најголемата кражба на разузнавачки податоци во историјата на Русија украдени се детали од социјални мрежи како Facebook и LinkedIn, како и детали за корисниците на пребарувачот “Tor”. Станува збор за еден од најпознатите софтвери за анонимна комуникација на интернет и тој претставува влез во таканаречениот дарк веб.

ФСБ има овластување да се грижи за националната безбедност на Руската федерација, да ги штити границите и да изведува антитерористички акции. Засега нема показатели до кои се податоци хакерите дошле.

Дополнителен проблем за Кремљ претставува и тоа што компанијата “Сај Тек” имала и договор со воената единица 71333, која е пандан на цивилниот 16-ти директорат на ФСБ, а која е задолжена за собирање на воено-разузнавачки податоци.

Извор: “Република”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.