Во нередите кои избија во францускиот град Монпеље, во судирите меѓу навивачите на Франција и Мароко по полуфиналето на Светското првенство, загина едно момче.
Во соопштението објавено од канцеларијата на локалната самоуправа, се наведува дека момчето вчера било „насилно удрено“ од автомобил. Тој бил пренесен во болница, но починал набргу по пристигнувањето.
Возилото било пронајдено во близина на местото на настанот, а полицијата извршила увид. На социјалните мрежи е објавено и вознемирувачко видео од газење на дете.
Un français voulant célébrer la qualification de la France se fait Lyncher sur #Grenoble #FRAMAR #PARIS #MONTPELLIER pic.twitter.com/vtvH4LmzM2
— Ang D ??✝️ (@jjg_____) December 14, 2022