WIK покажа како треба! “Гентерм” и “Мермерeн Комбинат” на потег (ВИДЕО)

Со донација од германската компанија “ВИК” се реновираат две игралишта во Прилеп. Станува збор за спортското игралиште во паркот во населбата “РИД” и игралиштата во “Паркот на револуцијата”.

Донацијата за реновирање на спортски игралишта и паркови од оваа странска фабрика, која успешно функционира во Технолошко-индустриската зона “Алинци”, беше примена на последната 50-та седница на Советот на општина Прилеп, и веднаш почна реализацијата.

Еден убав гест кој треба да го следат и останатите странски инвеститори кои работат и профитираат во општина Прилеп. Тука пред се’ апелираме до раководствата на првиот комшија на “ВИК”, фабриката “ГЕНТЕРМ” и Мермерниот Комбинат, компании кои многупати ја покажале својата општествена одговорност, но имајќи во предвид во каква состојба се наоѓаат детските и спортските игралишта во градот, помош би била добредојдена.

Па да се надеваме дека на следната 51-ва седница на Советот на општина Прилеп, советниците ќе гласаат за примање на донации и од овие компании со странски капитал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.