Vox Populi

Авторот на колумната е проф. по предучилишно образование и воспитување. Вработена во 00У,,Блаже Конески,, – Прилеп

Време безвреме. Време на безвредности. Време кога никој никого не почитува. Време на тотална насилна ментална анархија, која што толку зема замав во сите сегменти на оштеството. Дојдовме во ситуација кога нашата когнитивност се сведува на анималистичко опстојување. Време кое носи уништување на нормалното расудување за тоа кои сме ние? Во што се претворивме? Каде одиме во овај лавиринт каде бихевиоризмот е примат на ,,ограничени умови,, отстранувајќи ја важноста на умот и разумното расудување. Не само посегање по материјалното и идејата за материјализам.

Навидум философска колумна која може да се поедностави во рамките на обичното живеење (време, место, култура, однесување, комуникација, соживот, професионалност, вредности и во сето тоа нашето битисување како разумни суштества). Нели ние сме ,,свесни суштества,,

Можеби најдобар одговор можат да дадат социјолозите кои стручно можат да го анализираат човечкото однесување во рамките сега – време невреме.

Неколку многу важни прашања, кои треба добро да се опсервираат и анализираат пред да се даде конечниот одговор.

-Зошто една индивидуа има оспорено право на размислување?
-Зошто една индивидуа не може да размислува поинаку од зацртаното мислење на друга индивидуа?
-Зошто другата индивидуа го користи капацитетот на едната индивидуа?
-Зошто флоскулата на другата индивидуа мора да биде прифатена по секоја цена?
-Зошто, ако не се прифати флоскулата, другата индивидуа си зема за право да наметнува свои празни демагогии, и интелектот на другата единка го прогласува за еретизам?
-Зошто тој мал дел на (флоскули -единки) им се дава толкава голема моќ да манипулираат со луѓето и ,,сопствениот успех ,, да си го препишат себе си? Зошто кога тие флоскули единки се таму поради влогот на другите кои ги востоличиле на ,,тронот,,
-Зошто фрустрациите на тие единики предизвикуваат застој во секој сегмент во општествениот живот?

Или едноставно кажано, зошто мора одредена група на ,,врвот,, да мисли дека е во право, притоа користејќи ги безмилосно луѓето, за да потоа ги прегази со своите нови чевли кои ги заработил од изгазените?

Кој им го дава тоа право да го газат народот, што ги донел тука на тронот? И дали не е време гласот на народот да одлучи да си го земе она што им го дал?

Vox Populi, Vox Dei! Гласот на народот, е глас на Бога!

Во тотална зачмаеност, во тотален мрак, во безидејност, во страв, во навметнување на лаги и терање на народот да верува во нив, нема држава! Нема судство, нема образование, нема верување во Бог, нема вистина, нема дијалог, нема соживот, нема човечност, нема емпатија, нема култура, нема негување на традицијата, нема патриотизам кој се уништува, нема самоспознавање, нема негување на литературното творештво, нема напредок, нема љубов, нема разбирање, нема егзистенција, нема леб!

Безмилосно се уништува се’ што се градело со векови, а ние обичниот народ немоќно гледаме како грабаат сите, од она што е наше, а не само нивно.

На човек му доаѓа да стане Диоген или странецот на Ками. Едниот од двајцата!

Во секој тунел, ѕирка мал зрак на светлина…како утеха и воскреснување, како Феникс.

Народ дава, народ зема! Во ова време безвреме, тоа ќе им биде казната што се уништи се’ со предумисла, без никакво чувство за одговорност. Најголемата казна ја поднесуваме во овај момент, како никогаш досега!

Павлина С. Звездоска




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.