U2 со турнеја одбележува 30 години од легендарниот албум “Joshua Tree”

Ирската рок група U2 со северноамериканска и европска турнеја од мај до јули ќе одбележи 30 години од излегувањето на нивното ремек дело, албумот Joshua Tree, пренесуваат медиумите.

U2_501a0

“Joshua Tree” е објавен во март 1987 година и ги содржи некој од антологиските песни на групата, како “With or Without You”, ” I Still Haven’t Found What I’m Looking For” и “Where the Streets Have No Name”. Произведе само пофалби на критичарите и воодушевување на публиката. Албумот е продаден во 25 милиони примероци и на групата и донесе две Греми награди.

 Турнејата започнува во канадскиот град Ванкувер на 12 мај, а во Европа продолжуваат на 8 јули. Славните Ирци ќе свират во Лондон, Берлин, Брисел, Рим, Барселона, Париз, Амстердам и Даблин. Предгрупа на нивната европска турнеја ќе биде Noel Gallagher’s High Flying Birds.
Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.