После тутунарите од долненско, денеска и тутунарите од општина Кривогаштани го изразија својот револт заради затворањето на откупните пунктови и ограничениот откуп.
Тутунарите од Кривогаштани денеска запалија дел од својот труд, бидејќи како што велат околу 40% од ланската реколта тутун сеуште не им бил откупен.
Покрај тоа тутунарите од овој регион се жалат и на кинењето во класите при проценката на тутунот, што според нив ќе биде причина за голем број тутунопроизводители да се откажуваат од производството на тутун.
Прилогот во продолжение е на Каролина Дурло за “ТВ АЛФА”.