Tурција продолжува да и помага на Македонија: Болницата во Прилеп доби донација ново амбулантно возило

ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“- Прилеп доби ново, модерно санитетско возило марка „Мерцедес“ со комплетна опрема за транспорт на тешко болни пациенти , во кое можат да се вршат и операции.

Донацијата е од Владата на Република Турција, преку владината турска агенција за соработка и координација „ТИКА“.
Заблагодарувајќи се на донацијата, в.д. директорот на прилепската болница „Борка Талески“, Драги Богојески рече дека санитетското возило значително ќе помогне во решавање на проблемот со транспортот на потешко болните пациенти.

Амбасадорката на Турција, Тулин Еркал Кара истакна дека чувствува големо задоволство што од своето постоење до денес, турската владина агенција „ТИКА“ во нашата држава реализирала преку 1.000 проекти.

– Се надевам дека активностите и проектите ќе продолжат и во идниот период со соработка на државните институции, бидејќи ние како Република Турција преку ‘ТИКА’ реализираме многубројни проекти од сите можни области, рече амбасадорката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.