Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган издал наредба на раководството на сите турски одбрамбени институции без потреба да не увезуваат никакви странски производи.
“Турција може да ги развие и да ги задоволи сите стратешки потреби на одбрамбената индустрија и нема да застанеме додека тоа не го постигнеме. “Касирга”, “Бора”, “Сом” и слични ракети влегуваат во фаза на сериско производство, а работиме и на нови модели. Ќе направиме и голем исчекор кога се во прашање ракетите со широк домет. Завршени се тестирањата во рамките на тој проект кој Турција ќе ја внесе во повисока лига”, порачал Ердоган.
Tурската индустрија за авијација и вселена (TUSAS) вчера го претстави новиот воен хеликоптер T615 кој го доби името “Гокбеј”.
Се работи за хеликоптер кој на 6 септември успешно ги изведе првите летови. Новиот хеликоптер е произведен од сопствените капацитети на TUSAS и со поддршка на турското министерство за одбрана.
Леталото може да се користи и за воени и за цивилни намени.
Cumhurbaşkanı Erdoğan: "T625 Helikopterinin İsmi GÖKBEY" #SonDakika https://t.co/WL3UUNBvk8
— ehaber.tv (@ehabertivi) December 12, 2018
Турција полека, но сигурно се развива во секој сектор, а зајакнувањето на одбраната и воената индустрија преку сопствено производство е уште еден доказ за тоа.