-На 02.09.2025 во 06:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.А.(62) од с.Канатларци, прилепско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.А., а со телесни повреди се здобиле сопатникот Н.К.(27) од Р.Чешка и уште една малолетна сопатничка од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.