Град Скопје на ден 01.07.2019 склучил договор за набавка лозова ракија и коцки мраз – стои во една објава на Твитер која ја споделуваат корисниците на оваа социјална мрежа.
Според договорот склучен на 4 јули, набавен е 1 (еден) литар ракија по цена од 510 денари и мраз во вредност од 450 денар.
Граѓани на социјалните мрежи се изненадени и прашуваат зошто, кога се знае дека едно пакување мраз е 50 денари, од буџетот на Градот биле купени 9 пакувања мраз во истиот ден.
еве, шилегов купил лозова ракија и коцки мраз. на наша сметка. pic.twitter.com/hDkrzOjIjU
— Амбасадорка (@PravednaTavita) December 13, 2019