На 11.11.2023 во 18:30часот во ОВР Прилеп, Р.Д.(44) oд Прилеп пријавил дека од семејниот дом во Прилеп со употреба на сила неговата малолетна ќерка била качена во возило од две лица, од кои едното, според пријавеното, е нејзиното момче.
Инако, претходниот ден, Р.Д. пријавил дека неговата ќерка се оддалечла од домот, по што истиот ден беше пронајдена кај момчето во Битола.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – стои во соопштението од ОВР Прилеп.