TРАГЕДИЈА ВО ПРИЛЕП! Му паднало возилото од дигалка и го згмечило

Во 18 часот и 40 минути вчера во Прилеп на улица „Василе Павлоски Џгуре“ во сопствената гаража, М.Ќ. додека работел на патничко моторно возило “Голф“ со прилепски регистарски ознаки сопственост на друго лице, кое било дигнато на дигалка, починал во страшна и бизарна несреќа.

МВР информира дека во еден момент истото паднало врз М.Ќ. и го потиснало.

Во Градска болница Прилеп кај лицето била консртатиран смрт.

Извршен е увид на местото на настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.