Oткупот на годинашната реколта на тутунот е во полн ек. Тутунарите го носат својот род во откупните центри и покрај ниските откупни цени.
Досега претставниците на Иницијативниот одбор на тутунарите, заедно со Сојузот на земјоделци, одржаа неколку средби со претставниците на откупувачите, министерот за земјоделие Аријанит Хоџа, како и една средба со премиерот Зоран Заев.
Бидејќи завршија протестите и блокирањето на магистралните патишта, ги прашуваме тутунопроизводителите:
Како ви помина тутунот и дали сте задоволни од ветувањата кои ги добивте од властите?