Tyтyнapите пак ќе оделе кај министepoт, тyтyнот cкапyва, а нив yпopно ги шетаат по ходници

Тутунарите се’ уште се соочуваат со огромни проблеми. Ниту неколкуте средби со министерот за земјоделство, ниту средбата со премиерот Заев, не донесе промени во откупните цени и динамиката на откупот.

Најголемиот дел од тутунопроизводителите се’ уште го немаат предадено својот труд, а тие кои го предале велат дека се цени класа подолу.

Во среда од Иницијативниот одбор одново ќе се сретнат со министерот Аријанит Хоџа и претставниците на откупувачите.

На средбата тутунарите ќе одат поделени, од една страна се претставниците на Иницијативниот одбор, а од друга страна е Сојузот на земјоделски здруженија, претставуван од Менде Стомнароски.

Денеска претставникот на ИО, Игор Мирчески изјави дека Сојузот не ги претставувал интересите на тутунарите, бидејќи не ги повлекоа поверениците на вагите како што ветија и не го поддржаа минатонеделниот протест пред Владата.

Мирчески вели дека Сојузот е под некакво влијание, бидејќи изјавите ги менувале за два дена.

Што ќе се одлучи на средбата во среда останува да видиме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.