Tyтyнapите излегyвaaт на нови пpoтecти и блокади идната недела? На потег е Владата (Видео)

Лагите, манипулациите и одлагањата околу исплатата на помошта од Петтиот Ковид-пакет, потоа идејата за распроджба на македонското земјоделско земјиште, но и најавеното зголемување на цената на нафтените деривати и неизгласувањето на измените на Законот за тутун, ја прелеаа чашата на трпението кај македонските земјоделци. Се закануваат со масовни протести и блокади на патиштата, доколку за една недела не им биде исплатена ветената помош од Петтиот Ковид-пакет и под услови кои што тие ги побаруваат, а не како што сака власта сака тоа да го стори – објави “АЛФА ТВ”

„Сите услови се исполнети, средствата се одобрени од страна на Собранието, пет милиони евра се изгласани од Ковид-пакетот, така што не гледаме причина зошто се уште Ковид-пакетот не е исплатен. Иако тие средства се симболични и многу мали, апелираме до Владата веднаш да ги исплати овие средства и не на начин како што планираше Министерството: со 2 денари за втора класа и 12 денари за трета и четврта класа, туку тие средства да бидат подеднакво за сите тутунари, за сите класи. Ако е Ковид, треба да биде Ковид за сите“, – ни изјави за Алфа, Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Освен ова, тутунопроизводителите и понатаму бараат премиерот да си достои на дадениот збор за итна исплата и на разликата до 185 ден. по килограм тутун за веќе откупениот род од ланската реколта.

„И овој пат го потсетуваме, да најде начин и форма и да каже јавно кога и на каков начин планира овие средства да ги исплати. Ако ова ветување беше дадено само со цел да се задушат протестите, тутунарите на ова ќе реагираат. Си ги бараат средствата и бараат веднаш исплата и јавно премиерот да каже кога и на каков начин планира да ја достигне оваа просечна цена која што им ја вети на тутунарите“, – дециден е Мирчески.

Според Мирчески, со актуелните политики на власта, македонското земјоделство е фрлено на колена во сите гранки, заради што, како што појасни, за престојните протести, очекува масовно солидаризирање на сите земјоделци, од целата земја.

Каролина Дурло




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.