Во пресрет на изборната кампања и парламентарните избори, се’ уште актуелниот претседател на ОО СДСМ Прилеп и сегашен пратеник, Миле Талевски, донираше тунел за дезинфекција во градската болница “Борка Талески”.
Тунелот кој се наоѓа пред Инфективното одделение повеќе не е функционален и служи за украс, но одлично му се најде на тогашниот кандидат за пратеник како маркетиншка промоција пред изборите.
Исто како и тунелот на Миле повеќе не работат ниту пунктовите за дезинфекција на влезовите во градот, иако деновиве бројката на новозapaзени е одново значително зголемена.
Освен тунелот, во пресрет на изборите ОО СДСМ Прилеп на чело со Миле Талевски поделија и илјадници пакети со различни продукти (макарони, салами, масло, брашно…), а згора на тоа беа и ваучерите кои ги добија неколку илјади граѓани од Прилеп. СДСМ и покрај сето тоа тесно загуби на изборите во Прилеп.
Деновиве помеѓу граѓаните најактуелно е прашањето за зголемените сметки за стpyjа, кои пораснаа откако СДСМ одново формираше Влада.
Граѓаните коментираат и негираат за ваквата одлука на Регулаторната комисија и велат дека низ гуша им ги извадиле социјалните пакети и ваучерите.