Tpгнување вo шкoлo за вpeме нa гoлeмaтa пaндeмиja во 1918 година- Oдлуката на големите градови (Фото)

Ова не е прв пат лидерите да се мачат да донесат одлука дали училиштата треба да бидат отворени во време на пандемиja.

За време на пандемиjaта во 1918 година, иако светот бил сосема поразличен, таа дискусија била подеднакво бурна како и денес, пишува СиЕнЕн.

Пандемиjaта на грипот одзела 5 милиони животи ширум светот, вклучувајќи 675.000 Американци, пред да биде завршена. И додека поголем дел од градовите во Америка во тој период ги затвориле училиштата, три одлучиле да останат отворени- Њујорк, Чикаго и Њу Хејвен, раскажуваат историчарите. Одлуките на здравствените работници во тие градови главно се засновале на хипотези на службениците од јавното здравство, дека учениците се безбедни во училиштата. Сепак тоа било доба на прогресија на државата, со фокус на хигиената во школите и повеќе медицински сестри по ученик. Многу повеќе отколку што можеме денес да си замислиме.

Њујорк во 1918 година имал скоро милион деца во училиштата, а околу 75% од нив живееле во станови, во пренаселени населби со често несанитарни услови, пишува во статијата за јавно здравје од 2010 година.

“Учениците од пренаселените области имале добри услови во училиштата- добро опкружување во кое наставниците, медицинските сестри и лекарите практикувале- и документирале- детални, рутински медицински инспекции”, се наведува во истата статија која е пишувана на основ на историски извештаи за јавното здравје.

Градовите биле првите и најтешко погодени од грипот, рекол др. Хауард Маркел, медицински историчар и директор на Центарот за историја на медицината во Универзитетот во Мичиген, кој бил коавтор на таа статија.

“Децата ги менувале своите, често несанитарни домови, за големи и чисти училишни згради, каде секогаш постоела инспекција и се практикувале редовни прегледи”, изјавил тогашниот комесар за здравје во Њујорк, др С.С. Копеланд.

Учениците не смееле да се собираат надвор од училиштата и морале редовно да му се јавуваат на учителот, додава Копеланд. Наставниците редовно проверувале дали учениците имаат симптоми. Оние ученици кај кои ќе се појавеле симптоми- биле изолирани. Ако некој ученик имал покачена температура, некој од здравственото одделение ќе го одведел дома, а здравствен работник ќе оценел дали домашните услови се добри, пишува во извештаите. Ако условите не биле добри, учениците ќе ги задржеле во болница.

“Здравственото одделение барало од семејствата за децата кои се опоравуваат да обезбедат семеен лекар или да ги користат бесплатните услуги на лекарите од институциите за јавно здравје”.

Властите од Чикаго сметале дека ако школите се отворени “децата нема да бидат на улиците и ќе бидат подалеку од возрасните”.

Меѓутоа, бројот на изостаноци од училиштата се зголемувал за време на пандемиjaта, а тоа еден јавен здравствен службеник од Чикаго го нарекол “флуфобија” меѓу родителите.

“Стапката на изостаноци била толку голема што навистина не било важно дали школите се отворени или не”, рекол Маркел.

Според документите од 1918 година од чикашкото Министерство за здравство, дел од стратегијата било да се обезбеди свеж воздух. Школските соби биле презагревани за време на зима , па прозорите морало постојано да бидат отворени. Во истиот документ било заклучено дека “одлуката за отворањето на училиштата за време на епидемиjaта било оправдано”.

“Подобро е да ги имате децата по постојан надзор на квалификувани лица, отколку да се затворат училиштата”, изјавил за Њујорк Тајмс тогашниот комесар за здравство на Њујорк, Копеланд.

Маркел, кој со другите истражувачи, ги споредил податоците и историските записи од 43 градови, за начинот како одговориле на пандемиja од 1918 година, не бил целосно убеден во тоа.

Њујорк не постапил најлошо, но не и најдобро, рекол Маркел и додал дека Чикаго одреагирал најдобро во целата ситуација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.