На 27.02.2023 на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.В.(48), Е.К.(23) и Д.К.(43), сите од Прилеп.
Тие се сомничат дека годинава на подрачјето извршиле кражби.
При лишувањето, кај Е.К. бил пронајден и одземен метален боксирач.
Се расчистува и документира случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.