Најновата епизода на емисијата “Срце на дланка” која се емитува на “Алфа ТВ”, носи трогателна сторија од Прилеп.
Маја Стеваноска е млада мајка од Прилеп на дванаесет годишните близначиња Михаел и Кристијан. Поради предвременото породување, тие ќе бидат во инкубатор.
Помалку среќа ќе има Михаел кој ќе доживее слепило на едното око, церебрална парализа на левата страна и застој во растот и развојот зад своето братче.
Денес Михаел е пред нов предизвик. Дијагностициран му е тумор на мозокот за чија операција неговите родители немаат средства. А, немаат повеќе средства ниту за на лекар, ниту за прегледи, ниту за лекови. Состојбата и секојдневната борба за здравјето на чедото се одразило и врз здравјето на Маја. Таа е оперирана од тумор на мозокот, а има и епилептични напади.
Маја својата сторија целосно ја раскажа пред камерата на “Срце на дланка”. Секој кој може, семејството може парично да го поддржи на следната трансакциска сметка: 300027087653847
Сторијата можете да ја погледнете на линкот во продолжение:
За повеќе информации можете да се обратите на ФБ страната на емисијата “Срце на дланка”