Tpeнеpoт на Eypoфapм Пелиcтep, пpилепчанецот Ице Coколески, повикан за тpeнep на голманите во националниот тим

Еурофарм Пелистер е клубот кој дава најмногу македонски репрезентативци на почетокот на квалификациите за Европското првенство.

Дури шестмина од ростерот на Жељко Бабиќ ги започнаа подготовките за натпреварите против Финска и Швајцарија. На списокот од 19 имиња, Брестовац ги повика Никола Маркоски, Велковски, Кукоски, Костески, Маџовски и Танкоски.

Сепак, првиот проблем за Брестовац е изостанокот на тренер на голмани. Царчев е позитивен на ковид-19 и ќе го скокне овој прв ЕХФ прозорец.

Неговото место како тренер на голмани ќе го пополни Ице Соколески, тренерот на голмани на Еурофарм Пелистер.

Прилепчанецот во 2017 година беше дел од стручниот штаб на младинската селекција на Македонија која заврши на шестото место на Мундијалот во Алжир и одново ќе работи во сениорската репрезентација, бидејќи беше дел и од стручниот штаб на Червар. Голмани за првиот собир во 2020 година се Кизиќ, Митревски и Томовски.

Соколески на тренинзите на Еурофарм Пелистер ќе се приклучи по натпреварот во Шафхаузен на 7 ноември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.