Tpeнepoт по џудо од Прилеп кој е ocoмничен за обљyба ги негиpa делата кои му се ставаат на товар

Преку вештачењето на мобилниот телефон на ocoмничениот 46-годишен тренер, ќе се бараат нови докази за делата кои му се ставаат на товар. Ова следува по признанието на засега барем три малолетни девојчиња дека нивниот џудо-тренер кон нив се однесувал недолично, ceкcyaлно вознемирувajќи ги, дознава Алфа од свои извори. Според истите извори на TВ АЛФА, џудо-тренерот, уште од почетокот на иcтpaгата категорично ги негирал сите злодела кои сега му се ставаат на товар, а за кои тој, во моментов се наоѓа во 30-дневен пpитвop.

Исто така, по избивањето на скандалот, на површина испливаа и проблемите кои што џудо-тренерот, подолго време ги имал и со Џудо-федерацијата на Македонија. Според наводите, тој во своја корист, направил фалсификат на одредени, службени документи, заради што, според информациите до кои дојде Алфа, со решение донесено уште летоска, а врачено дури на почетокот од годинава, Федерацијата му ја одзела и лиценцата. Ова, секако фрли уште една темна дамка врз профилот на тренерот, што уште повеќе ги подгреа негативните коментари на јавноста, особено на социјалните мрежи, каде граѓаните и буквално го линчуваат, барајќи јавна објава на неговиот идентитет.

„Како се вика, знаете ?!“

„Цел Балкан врие од вакви монструми. Штета што жртвите не се заштитени како треба, па се плашат и срамат да пријавуваат“

„Наместо монструмите да се плашат, децата се плашат да кажат. Коренити промени треба на секое поле“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи, особено на загржени родители чии деца некаде тренираат.

Инаку, тренерот, иако од пред повеќе месеци имал забрана од Џудо-федерацијата за да тренира деца, сепак, тој и покрај тоа, а и во време на Корона, кога сите активности се ставени во мирување, ги продолжил тренинзите.

При едно интервју, дадено на негово барање, во јули, минатата година за еден локален медиум во Прилеп, а поврзано токму со текот на тренинзите и интензивните подготовки за престојните првенства, а за кои немал дозвола да ги изведува, тој кажа интересна изјава, велејќи дека ние како нација сме биле врвни борачи, но сме паѓале на психолошките тестови. Децата се лутеле оти сметале дека премногу им се мешал во нивниот приватен живот.

Тренерот е сопруг, татко на две ќерки, а како џудо-тренер работел триесетина години.

Каролина Дурло

ИЗВОР: “АЛФА ТВ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.