Tpaмп очекува до крајот на годината повторно да биде претседател

Поранешниот американски претседател наводно верува и зборува по луѓе, дека во следните два месеца ќе биде повторно вратен на претседателската позиција во Соединетите држави.

Информацијата ја објавува новинарката на Њујорк тајмс, Меги Хаберман, според која Tpaмп очекува дека од август тој повторно ќе биде претседател. Сето ова се базира на неговото очекување дека ревизијата на гласањето во Аризона која е во тек ќе покаже дека тој победил на претседателските избори 2020.

Хаберман ова го базира на информација од неколку луѓе блиски на Tpaмп, а според нејзе опсесијата на Tpaмп со враќањето во Белата куќа е распалена од можноста Јавното обвинителство на Њујорк да започне случај против организацијата Tpaмп за даночна измама.

Слични очекувања како Tpaмп има и неговиот адвокат, меѓутоа неговиот краен рок за враќање во Белата куќа не е август, туку крајот на годината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.