СДСМ не бил самостојно на избори, СДСМ е во коалиција со 23-4 политички партии. И кога ќе ги презентирате резултатите колку СДСМ освоил пратеници, треба да знаете дека 16-17 пратеници не се нивни пратеници, не се членови на СДСМ, тие се членови на други помали политички партии – истакна Павле Трајанов од Демократски Сојуз во „Утрински Брифинг“.
“Меѓутоа во јавноста тоа така не се презентира за жал, медиумите во главно и од парламентарната расправа и од другите расправи пишуваат тоа рекол пратеникот од СДСМ и завршува со тоа. Така да поради тоа мора да се менува законот, не може предност да имаат партиите што се поголеми – истакна Павле Трајанов од Демократски Сојуз во „Утрински Брифинг“.
Тој додаде дека не може поголема партија да има четири минути за реклама, а другите партии и вклучително опозицијата да имаат помалку минути за реклама односно 1/5 од тоа, тоа не е фер.
Сите партии треба да имаат ист третман, на ист начин да бидат третирани и финансирани. Секаде во медиумите треба на ист начин да бидат поддржани. Тогаш ќе имаме рамноправен третман на сите партии и услови за политички натпревар – нагласи лидерот на Демократски Сојуз”, истакна Трајанов.
Трајанов посочи дека Парламентот моментно е нефункционален.