Tpaмп ocлoбоден од обвинение за пpeдизвикyвање бyнт: Против него глаcaa 7 републиканци, а тој најави нова кандидатура за 4 години

По петдневното историско судење, поранешниот американски претседател Доналд Трамп е ослободен од сите обвиненија за „поттикнување бунт“ во немирите на Капитол на 6 јануари.

Во Сенатот, 57 сенатори го прогласија Трамп за виновен, што не беше дволно за да се исполни условот од двотретинско мнозинство, додека 43 беа против.

Ова беше најкраткиот процес за отповикување во историјата на Америка. Со оглед на тоа дека е ослободен од сите обвиненија, Трамп може да учествува на следните претседателски избори во САД.

Трамп е единствен американски претседател против кого двапати се водеше процес за отповикувње.

Доналд Трамп објави соопштение прославувајќи го гласањето во Сенатот за ослободување од обвинението за поттикнување бунт.

– Сакам прво да им се заблагодарам на мојот тим посветени адвокати и другите за нивната неуморна работа што ја поддржуваат правдата и ја бранат вистината, рече поранешниот претседател.
Тој продолжи со заблагодарување.

– Најдлабока благодарност, исто така, до сите сенатори и членови на Конгресот на Соединетите Држави што гордо се залагаа за Уставот што сите го почитуваме и за светите законски принципи во срцето на нашата земја, вели Трамп.
Трамп го осуди судењето за импичмент како „уште една фаза од најголемиот лов на вештерки во историјата на нашата земја“, иако седум републикански сенатори гласаа за да биде осуден.

Поранешниот претседател ја навести и својата политичка иднина сега кога е слободен да се кандидира за Белата куќа во 2024 година.

– Нашето историско, патриотско и прекрасно движење „Да ја направиме Америка повторно голема“ само што почна. Во месеците пред мене, имам многу работи да споделам со вас и со нетрпение очекувам да го продолжиме нашето неверојатно заедничко патување за да ја постигнеме американската величина за целиот наш народ. Никогаш немало ништо слично, рече Трамп.

Менаџерите на импичментот со денови предупредуваа дека Трамп е закана за безбедноста на американската демократија доколку повторно му биде дозволено да се кандидира за јавна функција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.