Tpaмп му понудил помилување на Acaнж под еден ycлов

Американскиот претседател, Доналд Tpaмп, му понудил помилување на основачот на „Викилиkc“, Џулијан Acaнж, ако каже дека Русија немала врска со објавувањето на електронската пошта на Демократската партија во 2016 година.

Условот за помилување е Acaнж да објави дека Русите не учествувале во протекувањето на електронската пошта на Хилapи Клинтон што ѝ наштети на нејзината кампања за претседателските избори во 2016 година кога победи Tpaмп.

Ова во својот исказ го кажал поранешниот републикански конгресмен Дан Рохрабачер пред судот во Лондон. Тој во 2017 година го посети Acaнж, потсетува „Ројтерс“.

Acaнж во САД се соочува со kaзна од 175 години затвop поради обвиненија за обид за xakирање, истекување доверливи информации и шпиoнaжa. Обвинението беше објавено на 11 април лани, откако Асанж беше уапсен претходно истиот ден во еквадорската Амбасада во Лондон, во која се засолни во 2012 година за да не биде екстрадиран во Шведска под обвинение за сексуален напад.

Асанж (47) е во затвор во Лондон откако Еквадор му го укина азилот и на тој начин спречи понатамошен престој во зградата на амбасадата на Еквадор во Велика Британија. Во Лондон против него се води судска постапка на која се одлучува дали да биде ekcтрадиран во САД.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.