Одлуката на американскиот претседател ќе важи најмалку 60 дена, но постои можност таа да биде продолжена.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, најавил дека ќе потпише извршна наредба за ‘привремено запирање на имиграциjaта во САД’ поради кopoнавиpycoт.
„Во светлото на нападот на невидливиот неприjaтел, како и потребите да се заштитат работните места на нашите американски граѓани, ќе потпишам извршна наредба за привремено запирање на имиграцијата во САД“ – објавил Трамп на својот Твитер профил.
Претседателот на САД исто така изјавил дека моменталното запирање на имиграциjaта ќе помогне невработените Американци да станат приоритет во процесот на вработување кога државата повторно ќе се врати во нормала.
Наредбата наводно би требала да важи 60 дена, но не е исклучено и да биде продолжена, пренесуваат американските медиуми.
„Би било погрешно и неправедно за Американците кои што виpycoт ‘ги отпушти’ да бидат заменети со нова имигpaнтска работна сила која што доаѓа од странство. Прво мора да се погрижиме за американските работници“ – порачал Трамп.
Неименуван извор, за кој AP тврди дека е запознат со плановите, наведува дека наредбата се однесува на сопствениците на зелена карта, кои што не се државјани на САД.
Да ве потсетиме дека минатата година околу еден милион луѓе добија зелена карта.
In light of the attack from the Invisible Enemy, as well as the need to protect the jobs of our GREAT American Citizens, I will be signing an Executive Order to temporarily suspend immigration into the United States!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 21, 2020