Toрта за која сите зборуваат: Едноставно мора да ја испробате

Состојки:

1 литар млеко

2 пудинзи од ванила

250 гр. шеќер

3 ванилини шеќери

1 чоколадо за готвење

200 гр. мелени лешници

200 гр. кокос

200 гр. мелен кекс,

1 пакување бисквити

2 пакувања шлаг пена, и

250 гр. маргарин

Припрема:

Пудингот разматете го со малку млеко, а останатото млеко ставете го со шеќерот на оган да се повари, а потоа додадете го разматениот шлаг. Гответе дури смесата не се згусне. Кога филот ќе се олади додадете ги ванилиниот шеќер и маргаринот, па поделете ја смесата на 3 еднакви дела. Во првиот дел од смесата додадете растопено чоколадо и додадете ги лешниците, во вториот дел додадете го кокосот, а во третиот мелениот кекс. Составете, еден ред бисквити, па филот со чоколадото и лешниците, ред бисквити, па филот со кексот, ред бисквити, па филот со кокос, ред бисквити, па шлаг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.