Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров преку јавно обраќање ги соопшти ставовите на Македонците во дијаспората околу Договорот помеѓу Македонија и Грција за преименување на нашата држава.
Тој истакна дека со оваа спогодба се врши геноцид и злосторство врз еден народ и дека датумот 17.06.2018 година е најсрамен датум во историјата на македонскиот народ после 10.08.1913 година.
Петров го изнесе ставот на СМК за помирување и обединување на Македонците во татковината и светот и порача дека лицата кои ја потпишаа спогодбата, Димитров и Коѕијас, ќе бидат изнесени пред лицето на правдата, народот и историјата, како и најстрого казнети со доживотен затвор и конфискација на целиот имот, за сторени кривични дела, повреда на угледот на Република Македонија, излагање на подбив на македонскиот народ, велепредавство, загрозување на независноста, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, здружување заради непријателска дејност, злоупотреба на службената положба и овластување и самовластие од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Тој порача дека Македонците ширум светот се против референдум за името на државата и дека единствениот референдум за името се случил на осми септември 1991 година.
Кон крајот на своето обраќање рече дека СМК бара распуштање на СОбранието и распишување на избори.
Во продолжение проследете го целосното обраќање на Тодор Петров: