Toj бара девојка од соништата: Нуди дебела награда на оној што ќе му ја намести – еве кои се неговите барања (ФОТО)

Џо Коен е млад директор на една компанија во Калифорнија. Неговите досегашни напори да пронајде девојка не биле успешни, па се одлучил на поинаков пристап. На оној кој ќе му пружи помош, му следува вредна награда од 10.000 долари, а 2.000 долари за оној кој ќе го запознае со некој кој ќе го поврзи со девојката. Џо се надева дека така ќе ја пронајде девојката која не сака само пари.

Овој 30-годишник направил блог на кој се опишал себе си, но исто така ги навел и особините кои девојката која ја бара мора да ги има.

Девојката не смее да биде нервозна и мора да биде совесна. Мора да биде интелегентна, да нема деца и мора да биде помеѓу 20 и 30 години.

Неговата желба е исто така девојката да биде Еврејка. Ако не живее во Калифорнија, мора да биде спремна да се пресели таму. Џо ќе и го плати патот и престојот дури да се запознаат.

Коен за себе вели дека е интелегентен, драг, автентичен, позитивен и искрен. Во слободно време се занимава со качување, патување, запознавање на интересни луѓе…

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.