Доскорешниот голман и капитен на Победа, Дарко Тофилоски, одбра една од повеќето понуди за премин во странски клуб. Негов избор е косовскиот прволигаш Дрита од Гнилане.
Kлубот го прими Дарко како голема голманска ѕвезда. Подготвиле видео за негово претставување пред навивачите. Во текстуалниот дел е стои дека е голман со богата кариера, оти настапувал во Швајцарија, Словачка, Ерменија и Македонија.
Дрита претходното првенство го освои 4 место, а во следното претендира на повисок пласман.