Состојки:
1литар млеко
2 пудинзи од ванила
250 гр. шеќер
3 ванилини шеќери
1 чоколадо за готвење
200 гр. мелени лешници
200 гр. кокос
200 гр. мелен кекс,
1 пакување бисквити
2 пакувања шлаг пена, и
250 гр. маргарин
Припрема:
- Пудингот разматете го со малку млеко, а останатото млеко ставете го со шеќерот на оган да се повари, а потоа додадете го разматениот шлаг. Гответе дури смесата не се згусне.
- Кога филот ќе се олади додадете ги ванилиниот шеќер и маргаринот, па поделете ја смесата на 3 еднакви дела.
- Во првиот дел од смесата додадете растопено чоколадо и додадете ги лешниците, во вториот дел додадете го кокосот, а во третиот мелениот кекс.
- Составете, еден ред бисквити, па филот со чоколадото и лешниците, ред бисквити, па филот со кексот, ред бисквити, па филот со кокос, ред бисквити, па шлаг.