Раперот Тони Зен заедно со познатите хип-хоп артисти Пука Козметика, Фатос Бомба и Огнен битбокс, настапија пред затворениците во Казнено поправниот дом “Идризово”.
“Mузичкиот настан е дел од културно-забавниот живот во КПУ “Идризово” и од процесот на ресоцијализација во установата. Реализиран е со цел да се олесни процесот на ресоцијализација на осудените лица преку активности со кои може најквалитетно да се допре до нив.
На него присуствуваа околу 70 осудени лица. Организиран е од членови на Хип Хоп Македонија, Здружението за пенална и постпенална помош на осудени лица и социјална адаптација, рехабилитација и реинтеграција на ранливи групи “Просоцијал” од Скопје, во соработка со КПУ “Идризово” – стои во описот на видеото на јутјуб каналот “TheHipHopMacedonia”.