Toлку многу се опиле, па следното утро се разбудиле во Сирија

Целодневното конзумирање на алкохол може да биде кобно, а сторијата на овие момци е доказ за тоа.

three-british-lads-went-on-a-boat-party-in-ayia-napa-and-end-up-in-syria

Тројцата Британци Луис Елис, Алекс Мекормик и Џејмс Волмен, откако испиле премногу алкохол во хотелот на Кипар, одлучиле да се качат на туристички брод и да ја разгледаат обалата. Меѓутоа, наместо на туристички брод се качиле на некој друг, но тоа им станало јасно откако поминале повеќе од 100 километри.

“Ми беше веднаш чудно бидејќи бевме единствени  странци на бродот, но јас бев толку мамурен и одлучив да не поставувам прашања. Сепак, после неколку часа собрав храброст и сила и прашав – Уште колку ќе се оддалечуваме од копното”, вели Елис.

Кога не добиле одговор на ова прашање, настанала паника.

“Викавме и баравме да се вратиме, но бродот после неколку часа пловење застана во едно големо пристаниште. Се запрашавме – што ќе правиме сега”, додава Елис.

three-british-lads-went-on-a-boat-party-in-ayia-napa-and-end-up-in-syria_1

Кога бродот застанал им рекле да останат на своите места, дури да дојдат руските војници и да ги однесат во базата. Тројцата туристи не знаеле каде се наоѓаат, а потоа еден од нив успеал да се логира на Фејсбук преку телефонот. Пишувало дека се наоѓаат во Сирија – Тартус.

“Кога им раскажавме на Русите што се случи, тие попаднаа по земја од смеење”, oбјаснуваат момците.

Потоа направиле неколку фотографии за спомен, а Русите ги спакувале на брод и ги вратиле назад на Кипар.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.