the past gets buried.. and the truth with it..

фотографија – Шлакески Маринко

„ТРИ ПИСМА “ (2018) – Маринко Шлакески (драмски текст – извадок)

ЕМА: Нечија игра или не, јас треба веднаш да заминам одовде!

(брзо оди до масата, го зграпчува палтото, ташната и клучевите и се упатува кон вратата; се обидува да ја отвори но не успева; пробува повторно но и покрај напорот што го прави нема сила да ја отвори)

Што е ова?! Вратата не е заклучена, но јас неможам да ја отворам!

(пробува повторно но и покрај обидите таа нема сила да ја отвори и да излезе иако вратата не е заклучена)

Ова е некое проклетство.. Јас немам ниту доволно сила за да отворам една обична врата низ која пред малку и самата влегов! Ги правам истите движења, го вложувам истиот напор и повеќе од тоа, но од сето тоа нема никаква корист. Како да е маѓепсана. Станувам ли јас заробеник во оваа проклетија!? Сепак не! Вакви работи нема, бидејќи вакви работи не се случуваат.. А овде сигурно има некој кој сака да ме задржи по секоја цена и покрај мојата воља. (вика)

Има ли некој овде?! (тишина) Има ли некој.. (се откажува) Сепак не.. (пробува повторно да ја отвори вратата)

Вратата не е заклучена, ниту мене некој ме спречува да ја отворам. Јас сама не можам да излезам одовде. Како парализирана.. Мојот разум ми вели да ја напуштам оваа куќа, но моето тело одбива да го направи тоа. Моето тело.. моето тело го напушта мојот разум..

(се движи наназад кон ѕидот и со грбот се потпира на него; полека се спушта надолу и седнува на подот до вратата сeуште држејќи го писмото стиснато во нејзината рака; се слуша оддалеку отчукување на црковни ѕвона)

„ТРИ ПИСМА “ (2018) – Маринко Шлакески
(драмски текст – извадок)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.