Прилепската Стара чаршија синоќа доживеа целосна ренесанса. Десетгодишниот јубилеј од првиот настап на музичкиот бенд “Тhe Hounds” предизвика земјотрес и ги крена прилепчани на нозе.
Рок музика, скокање, уживање, емоции и љубов на сите страни… вака некако може да се опише концертот на “Тhe Hounds” на кој присутни беа гости од сите генерации.
Кој не беше може да жали, кој беше ќе раскажува. Дечките направија свирка од срце и со многу енергија. СЕКОЈА ЧЕСТ!
Атмосферата ја загреваа диџеите: Cyrillic, Room 313, Mario Eddie, Aleksandar Acika, Rubin Trajkoski aka Mirror Man, Dj Dario SaJo SaJoski…
Уживајте во дел од нивниот настап: