Teшко, но Македонија се’ уште има шанси за четвртфинале – Еве што треба да се случи

Машката ракометната репрезентација на Македонија игра фантастичен мундијал, избраниците на Кире Лазаров со брзиот и модерен ракомет, зачинет со голема борбеност и тимски дух, ја освоија и неутралната публика.

Нашата задача е најтешка, ние треба да ја победиме Франција, која цели на титулата. Олеснителна околност ни е тоа што Французите ја заверија првата позиција, па не мораат да се потат за дуелот со нас. Имаме и една опција со реми да продолжиме понатаму.

Ако Македонија ја победи Франција, Холандија треба да ремизира или да загуби од Австрија, а Унгарија да претрпи пораз или да одигра нерешено со Катар

Ако Македонија одигра нерешено со Франција, тогаш Холандија и Унгарија треба да загубат од Австрија, односно Катар (во тој случај би решавала гол-разликата на Македонија и Унгарија и би биле подобри бидејќи моменталната е изедначена).

Последното коло се игра в сабота, први на терен ќе истрчаат Холандија и Австрија, па Катар и Унгарија и во вечерниот термин ќе се судрат Македонија и Франција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.