Teшка сообраќајка на патот Градско – Прилеп: Мотopциклист и неговата сопатничка со повреди донесени во прилепската болница

На 06.07.2024 во 11.00 часот Полициска станица Прилеп, било пријавено дека на патот од Градско кон Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(44) од Скопје и патничко возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка В.С.(45) од Скопје, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.