На 30.04.2019 година во 12,45 часот во Полициската станица Крушево Б.Б.(58) пријавил дека истиот ден во утринските часови во манастирот “Св.Ѓоргија“ во с.Бучин била извршена тешка кражба од страна на непознати лица, кои одзеле околу 8.000 денари – информираат од МВР.
Извршен бил увид и се работи на расчистување на случајот.